Војник на АРМ почина во болница во Приштина

пред 3 години

Во болница во Приштина вечерва ненадејно починал професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на македонската армија во мисијата КФОР.

Како што соопшти Генералштабот на Армијата, на војникот во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните му била пружена прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот.

Со воен хеликоптер, војникот во придружба на воен медицински персонал бил упатен во болница во Приштина каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт која најверојатно е последица на срцев удар.

Од Генералштабот нагласија дека во координација со сите надлежни институции се преземаат сите неопходни мерки за пренесување на посмртните останки на нашиот припадник во неговото место на живеење. По пристигањето на телото, погребот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено.

Share
Scroll to Top