Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денес оствари средба со регионалниот директор за Европа на Меѓународниот Републикански Институт – ИРИ, Пол Мекарти.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што се посочува во партиското соопштение, Ахмети и Мекарти разговарале за одличната соработка со ИРИ и за поддршката што ДУИ и граѓаните ја добиваат во делот на градење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата.
„Нашата партија ја има отворено вратата за вредни личности, посебно за младите, а внатрепартиските избори се одвиваат во многу ограноци на партијата низ еден слободен и демократски процес по принципот еден член – еден глас“, му објаснил Ахмети на соговорникот.
На средбата се зборувало и за спорот со Бугарија и за итната потреба од решавање на ова важно прашање за земјата и нејзините граѓани.
Лидерот на ДУИ посочил дека земјата веќе ги исполнила условите за давање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.