Вучиќ: Србија е подготвена да обезбеди братска помош по пожарот во Тетово

пред 3 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во ковид – центарот во Тетово.

Тој рече дека Србија ја споделува големата болка со граѓаните на Северна Македонија и дека е подготвена да обезбеди братска помош.

„Ја споделуваме големата болка со граѓаните на Северна Македонија, подготвени да дадеме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша Вучиќ на „Твитер“.

Најмалку 14 лица загинаа во пожарот што синоќа ја зафати модуларната болница за лекување на ковид – пацинти во Тетово. Причините засега се непознати.

Share
Scroll to Top