Кумановска била измамена за сума од околу 30.000 денари, од страна на штипјанка.
„Според пријавеното, кумановката во октомври на социјалната мрежа „Фејсбук“ прочитала објава „жена што помага на луѓе“ и стапила во контакт со неа. Исто така, според пријавеното, 24-годишната жена во повеќе наврати по брза пошта ѝ праќала пари и златен накит на штипјанката, но по некое време С.Н. не била достапна, по што пријавителката заклучила дека била измамена“, велат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.