Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во посета на вооружените сили на Турција

пред 3 години

ачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална посета на Република Турција, денес во Анкара оствари средба со началникот на Генералштабот на турските вооружени сили, генерал Јашар Ѓулер.

По пречекот со воени почести, на состанокот помеѓу генералите Ѓурчиновски и Ѓулер се разговарало за билатералната воена соработка, при што се разгледале можностите за понатамошно проширување на истата преку нови облици на заеднички настап и соработка како и интензивирање на веќе постоечката, која се состои од изведување на заедничка обука и вежби, заедничко учество во мисии и користење на капацитетите на двете армии.

Од страна на генералот Ѓурчиновски била искажана благодарност до генералот Ѓулер за досегашната безрезервна поддршка и помош која ја пружа Република Турција не само во интегративниот процес, туку и по нашето полноправно членство во НАТО алијансата и бројните донации во воена опрема.

Генералот Ѓурчиновски го истакнал и заедничкото учество во мировните операции, пред се во Авганистан, каде голем број наши ротации беа под покровителство на турскиот контингент.

Во рамки на посетата, армиската делегацијата предводена од генералот Ѓурчиновски ќе ја посети командата на турските специјални сили, како и дел од воено-индустриските капацитети.

Република Турција како наш стратешки партнер претставува значаен чинител и придонесувач за модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, современи средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО, меѓу кои е и последната донација од влечен воз.

Share
Scroll to Top