Град Скопје: Зимските служби на терен, се чистат булеварите и улиците под надлежност на градот

пред 3 години

Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, информираат од таму.

Според соопштението од Град Скопје досега се исчистени повеќе локации во градот.

„Локации кои досега се исчистени: Булевар Словенија, Булевар Никола Карев, Населба Даме Груев кон новоселски пат, Улица Радишанска, Улиците низ општина Шуто Оризари, Улиците низ населба Драчево, Последна 24-ка во Сопиште, Патот кон Детската клиника во Козле, Патот од Горно Нерези кон Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, Улица Павел Шатев, Клучката кај Континентал, Мост Маџари, Мост Бардовци, Булевар Босна и Херцеговина“, е нагласено во писмениот допис од Град Скопје.

Во надлежност на Град Скопје, додаваат од таму, се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.

Share
Scroll to Top