Груби – Хулман: Патот кон ЕУ се отвора со францускиот предлог

пред 2 години

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ја прими амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Содржината на францускиот предлог, протестите против овој предлог и предизвиците на интегративниот пат на земјата, беа дел од темите на кои се разговараше на средбата.

Исклучително е важно да се отклучи патот на интеграцијата преку конструктивен и опсежен преглед на францускиот предлог поддржан од 27-те земји од ЕУ, кој не им наштетува на идентитетот, културните, јазичните и историските карактеристики на нашите сонародници.

Груби истакна дека во овие клучни моменти на државата треба да се дејствува рационално, искористувајќи ја историската можност за решавање на последниот спор со Бугарија.

Амбасадорот Хулман беше информиран од првиот вицепремиер, Груби за транспарентниот процес околу францускиот предлог и заедно утврдија потреба од оперативна компактност и сеопфатен ангажман на сите политички актери, академскиот свет, граѓанскиот сектор и сите граѓани за надминување на предизвиците бидејќи е време рационалноста да триумфира над субјективниот протагонизам .

Груби и амбасадорот Хулман се фокусираа и на реакциите предизвикани од објавувањето на содржината на предлогот, во кој случај Груби го осуди насилството употребено на организираните протести, кои беа оценети како непотребни антиевропски и штетни за дестабилизација на земјата.

 

Share
Scroll to Top