Демократски сојуз: Софија се плаши од успехот на Менкиноски во Стразбур

Демократски сојуз: Софија се плаши од успехот на Менкиноски во Стразбур

пред 3 часа

Демократскиот сојуз го осуди потегот на властите во Софија да му изречат десетгодишна забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува здруженијата на Македонците од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Од партијата оценуваат дека станува збор за чин без преседан во земја членка на Европската унија, со кој, како што наведуваат, се ограничува правото на движење и професионален ангажман на адвокат само затоа што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права.

„Бугарија со оваа постапка пред цела Европа демонстрира дека не само што не ги признава Македонците како малцинство, туку ја попречува и нивната битка за регистрација на здруженијата што ја водат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, соопшти Демократскиот сојуз.

Од таму посочуваат дека Европскиот суд досега донел 14 пресуди во корист на здруженијата на Македонците во Бугарија и оценуваат дека ваквиот потег на официјална Софија покажува „нервоза“ поради тие одлуки.

Демократскиот сојуз очекува реакција од европските и меѓународните организации за човекови права, а воедно ги повикува и македонските власти да испратат протестна нота до Софија.

Текстот Демократски сојуз: Софија се плаши од успехот на Менкиноски во Стразбур е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top