Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат за денес од Управата за хидрометеорологија. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Текстот Денес температура до 25 степени, вечерва пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.