Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште, за време на лов, 25-годишниот Ѓ.К. од Прилеп бил погоден со куршум од ловечка пушка од едно лице од ловната група.
Околу 14.55 часот од екипа на брзата помош било констатирано дека 25-годишникот им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Во врска со инцидентот кој се случил додека пријатели ловеле диви свињи, уапсен е С.П. (50) од Прилеп, кој бил приведен во полициска станица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.