Димитров: Не верувам дека Софија ќе направи отстапки за Скопје под надворешен притисок

пред 3 години

„Ако водечките политички, а не само политички структури во Северна Македонија, не го сменат нивното однесување во билатералните односи, не можат да го очекуваат она што упорно го сугерираат – дека Бугарија ќе направи отстапки под надворешен притисок. Не верувам во тоа“ Ова за БНР го изјави проф Ангел Димитров, првиот амбасадор на Бугарија во Скопје по прогласувањето независност на земјата од Југославија и копретседавач со мешовитата комисија за историски прашања од бугарската страна.

Димитров рече дека САД најверојатно водат разговори со Република Северна Македонија околу нејзината позиција, но тоа јавно не се соопштува. Според него, постојат двојни стандарди од американската дипломатија и бугарските партнери во ЕУ.

Вели дека главните позиции изразени од парламентите во Скопје и Софија го оневозможуваат наоѓањето сериозни политички компромиси.

„Доколку нашите колеги во Скопје не го сменат својот став кон работата на Мешовитата комисија, ако не се придржуваат кон воспоставените принципи и стандарди во историската наука, активностите на Комисијата стануваат доста неизвесни. Тензијата значително ја промени нивната улога во билатералната комуникација. Чуварите на историските митови сега стануваат идеолози на недоразбирањата и антибугарски ставови и однесувања. Се надевам дека тие го разбираат ова“, рече Димитров.

Share
Scroll to Top