Жена од Македонска Каменица незаконски користела дебитна картичка и вадела пари од банкомат

пред 3 години

50-годишна жена од Македонска Каменица неовластено користела банкарска картичка и извадила пари од банкомат соопшти полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.З.(50) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 31.08.2021 и 01.09.2021, пријавената неовластено искористила податоци од дебитна банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и извадила пари од банкомат, со што предизвикала материјална штета во износ од 13.000 денари.

Share
Scroll to Top