Жичницата на Средно Водно од утре (први април) ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Како што информираат од ЈСП, согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
„Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови.
Согласно ковид протоколите, во кабина е дозволен превоз до четири лица и задолжително е носење на заштитна маска.
Повратен билет чини 100 денари, а на жичницата е дозволен и превоз на домашни миленичиња (куче, маче) за што на услуга се отстапуваат транспортери“, се наведува во соопштението на ЈСП.