За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн

За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн

пред 4 часа

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

-Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред, наведува Министерството.

Воедно додава дека со оваа иницијатива продолжува мисијата да ја дигитализира јавната администрација и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за сите граѓани.

Текстот За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top