Премиерот, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот, Никола Димитров, и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе заминат во посета на Софија, Бугарија.
Како што соопштија од Владата, целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.
Премиерот и владината делегација ќе имаат средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии.