Заев од Струга: Покажавме резултати и успеси на сите полиња

пред 3 години

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната трибина „Најдоброто за мојата општина“ посочи за важноста на концептот на едно општество за сите и дека тоа е клучот за напредок.

„Сето ова го зборувам од името на авангардните чекори кој што заедно сите ние, нашиот народ ги презедовме последните 4 години. Решивме историски прашања, ќе ве потсетам овде има и повозрасни од мене, но има и помлади. Се сеќаваат сите. 30 години славиме независност, 30 години на сите избори, НАТО – ЕУ, ЕУ – НАТО, единствено или слично. И успеавме, сите позади нас не успеја. Денеска најголемото богатство го имаме, сите дома сме обединети, во едно општество за сите. Каде што секој граѓанин е еднаков и со своите права и со своите обврски. И тоа треба да продолжиме да го негуваме”, рече Заев.

Тој се наврати и на дел од досега сработеното, на инвестициите и на економијата.

„Покажавме мултиетнички и меѓународен успеси кои што никој не може да ни ги земе. И додека ги решававме сите овие крупни прашања, работевме дома, 7000 проекти поддржавме на локално ниво на државата. Изградивме 60 детски градинки, реконструиравме, изградивме нови 80 училишта, 34 болници, 20 домови на култура, театри, општински згради, изградивме објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра. Општините беа во долгови до гуша, ги раздолживме со 50 милиони евра и тоа се огромни пари на државата. Успеавме паралелно да го јакнеме економскиот стандард на нашиот народ“, рече Заев.

„На најсиромашните поделивме не 3%, не 30%, 300% повисока социјална помош, ги покачивме платите на сите во државата“, додаде тој.

Од Струга, Заев испрати порака на единство и повика на обединување на сите етнички заедници кои живеат во Струга да го изберат најдоброто.

Заев повика на 17 октомври да се избере патот кој води кон просперитет и подобар животен стандарт за сите.

Share
Scroll to Top