А.Н. шоферот на Заев кој е уапсен за потпалување пожар бил шофер на Заев, тоа и самиот го признава, но како народната – ,,Не по врат, по шија“ се вади, не беше мој, на општината беше“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности“, кажа Зоран Заев за неговиот шофер пироман“, стои во реакацијата на владејачката партија.
СДС, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, наместо да пишува излитени одговори на прес-конференции, треба да се соочат со фактот дека се разобличени.
Како што истакнуваат, луѓе блиски до Заев и СДС се уапсени за потпалување пожари.
„Не очекувавме од Заев дека ќе признае дека се најблиски, но од СДС очекувавме минимум човечки капацитет и да го осудат потпалувачот и да се дистанцираат од Заев, но очигледно тоа е преголемо очекување“.
Текстот Заев сам призна дека потпалувачот на пожар бил шофер кај него, СДС да се извинат, бара ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.