Во период од три месеци добиени се 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8.5 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од друга страна, бројот на склучените бракови во ова тримесечје е намален за 12.9 проценти во споредба со истиот период минатата година и изнесува 3.768 бракови.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5.2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 15.3 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика.