Им влегол во двор и им извадил бомба

пред 3 години

Педесет и петгодишен скопјанец ноќеска бил приведен од полицијата, откако претходно влегол во двор каде седеле две лица и им извадил бомба кашикара. Тие успеале да му ја одземат бомбата.

Инцидентот се случил на улицата „Петар Драпшин“ во Скопје, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top