Казнети 173 возачи во Скопје, од кои 20 за зборување на мобилен телефон

пред 4 години

Полицијата за еден казни 173 возачи во Скопје, од кои 28 за брзо возење, а 20 за користење мобилен.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, 11 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за нерегистрирани возила.

Изречени се 20 санкции за користење на мобилен телефон, пет мерки за минување на црвено светло, четири санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 63 мерки за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top