Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што билое санкционирани 173 возачи.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР, и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






