Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните, напиша на социјалните мрежи лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски.
„Покачувањето на цената на електрична енергија за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од преку 25%“, пишува Ковачевски.
Потсетува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата, вели тој, дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година.