Ковачевски: Пратеник вчера снимаше пратеничка во деколте

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница посочи дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој не го именуваше, вчера ја снимал пратеничката Снежана Калеска – Ванчева на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Ова го кажа на седницата за пратенички прашања, од каде постави прашање и што ќе и прави на снимката.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Кревање на тензии не одговараат на никого. Свесен е народот за деструкцијата која произлегува единствено во опозицијата. Само снимките ако се погледнат од вчерашниот ден, на кои претседателката на Законодавно-правната комисија од пратеник кој во моментов ми се смее со мобилен телефон ја снима на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Не знам што ќе и прави на таа снимка“, кажа Ковачевски.

Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува Калеска – Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.

Share
Scroll to Top