Ковачевски – Савада: Заинтересираност од Јапонија за инвестиции и силна поддршка за евроинтеграциите и обединета Европа

пред 3 години

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, се сретна со јапонскиот амбасадор во земјава Хиронори Савада.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави и определеноста од двете страни за развој на соработката. Посочено е дека предвидената скорешна посета на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Јапонија е потврда за блиската билатерална соработка меѓу државите.

Заеднички е оценето дека постојат потенцијали за унапредување на економската соработка. Во таа насока, пренесена е заинтересираност од јапонски компании за инвестирање во земјава.

Истакната е и силна поддршка од Јапонија за напредокот на нашата држава во европските интеграции, бидејки, како што е оценето, од важност за сите, и за Северна Македонија, но и за Европската Унија и за светот е обединета Европа, со интегриран Западен Балкан во Унијата.

Исто така, заеднички е констатирана важноста на политичката стабилност во државава, со цел задржување на економската и на социјалната стабилност, во полза на граѓаните.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за искреното пријателство со Јапонија и за значајната поддршка што ја добива земјава од Јапонија, како еден од најголемите билатерални донатори. Тој ја поздрави Иницијативата на Јапонија за соработка со Западен Балкан од 2018 година и упати покана до компаниите во Јапонија за посета на државава.

„ Економијата е стабилна и денарот е стабилен. Носиме одлуки за доброто на граѓаните и нема да дозволиме какви било несериозни притисоци за политички интереси да наштетат. За таа цел ја развиваме и регионалната соработка преку иницијативата Отворен Балкан. Во однос на отворањето преговори, Република Северна Македонија го прави потребното, работиме напорно за напредок на државата и поставени сме принципиелно во развојот на добрососедските односи“, рече премиерот Ковачевски.

Share
Scroll to Top