Ковачевски: Собранието што посокоро да го донесе законот за минимална плата

пред 3 години

Премиерот Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи ги повика пратениците и политичките партии во Собранието што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата.

„Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата.

Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и не смееме да дозволиме одложување на носењето на ова решение кое од огромно значење за работниците со ниски примања во време на криза.

Ја повикувам опозицијата и нејзините пратеници да дадат поддршка на оваа верзија на законот и кончено да демонстрираме заедништво за одлуки важни за граѓаните“, напиша премиерот во објавата додавајќи дека сега е време секој денар од буџетот да се насочи за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.

Share
Scroll to Top