Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција порача дека Владата под итно треба да го отфрли францускиот предлог.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Македонскиот народ во изминатите 8 дена јасно кажа НЕ на асимилаторскиот и понижувачки предлог со кој се блокира македонската интеграција во ЕУ. Секојдневната масовна поддршка од интелектуалци, експерти за ЕУ интеграции, уметници, лекари, адвокати, припадници на безбедносните сили, односно од целиот македонски народ, е јасен сигнал што треба да направи Владата на Ковачевски. Владата под итно треба да го отфрли овој предлог за кој најпрвин глумеше дека го одбила, за да после тоа на невидено да го прифати и да глуми некакви консултации со самопрогласени владини експерти кои се платени токму од Владата, односно од народот“, порача Ковачки.
Тој обвини дека притисоците на МВР се зголемуваат, а полицијата спротивно на закон поднесува пријави на лица кои учествуваат мирно и достоинствено во протестите и на блокадите.
Овие притисоци, вели Ковачки, нема да им поминат, затоа што народот храбро стои зад ставот НЕ на ултиматумите и уцените.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе им излезе во пресрет со правна помош на граѓаните кои по овој основ добиваат пријави по насока од Спасовски. Впрочем, од притисоците на Спасовски страдаат и припадници на МВР кои изминатите денови се прераспределуваат и казнуваат затоа што одбиваат да учествуваат во сценариото на власта за малтретирање на сопствениот народ. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува припадниците на МВР да постапуваат по законот и да пркосат на заканите и уцените на раководството на МВР кои незаконски им ги упатуваат“, рече Ковачки.
Што се однесува до доставениот лист хартија во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ го повика Талат Џафери како и до сега што враќаше предлози на закони за погрешна запирка или фрлаше амандмани на опозицијата во канта, да го врати листот хартија во Влада како некомплетен и понижувачки.