Кривичен суд во рок од 48 часа ќе одлучува за жалбата на одбраната по случувањата во М-НАВ

Кривичен суд во рок од 48 часа ќе одлучува за жалбата на одбраната по случувањата во М-НАВ

пред 10 месеци

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5.1.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање одговор на жалба од одбраната.

„Со оглед на барањето на странките во постапката, но, пред сè, за доследно почитување на законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста“, велат од Кривичниот суд

Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот ја информира јавноста дека до овој момент јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица, освен за четворицата што веќе се под мерки за претпазливост.

Текстот Кривичен суд во рок од 48 часа ќе одлучува за жалбата на одбраната по случувањата во М-НАВ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top