Кавадарската полиција поднесе две кривични пријави против Д.И. (26) од селото Возарци и против С.С. од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело задоволување полови страсти пред друг.
Како што информираат од МВР, на 4 февруари годинава, околу 19 часот, на улицата Пиринска, односно во 2 часот, пред влез на казино на улицата Блажо Алексов во Кавадарци, пријавените мастурбирале пред други лица.