Лажни дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје

Лажни дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје

пред 2 часа

Полицијата денеска примила дојава дека се поставени бомби во повеќе училишта во Скопје.

Денеска, на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје.

„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“, соопшти МВР.

Текстот Лажни дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top