Вчера со повлекувањето на Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали за основно и средно образование, победи разумот наспроти ароганцијата на Мила Царовска, истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги искористила сите можни и пред се’ демократски права кои ги нуди Деловникот на Собранието да го спречи носењето на овој, како што вели, штетен и дискриминаторски закон.
„И покрај инатењето и ароганцијата на министерката Мила Царовска како пратеници нема да дозволиме обезличување на идните генерации и експериментирање со најважната категорија на граѓани, а тоа се учениците. Таканаречената реформа, да се менува на ваков радикален начин концептот на учење преку исфрлање на хартиени учебници и сето тоа во време на пандемија кога бројот на ранливи категории на граѓани е огромен, мораше да заврши на ваков начин“, рече Ласковска.
Додаде дека како пратеничка група и покрај повлекувањето на законот, будно ќе ја следат ситуацијата бидејќи СДСМ и Мила Царовска можеби повторно тактизираат само за да се повлече иницијативата за референдум која беше покрената од граѓански иницијативи и повторно да го вратат овој закон во Собрание со злоупотреба на европското знаменце.
ВМРО-ДПМНЕ порча дека министерката Мила Царовска треба да си даде оставка.