Левица: Наместо да прашува каде има корупција, Мицкоски нека погледне во сопствените редови

Левица: Наместо да прашува каде има корупција, Мицкоски нека погледне во сопствените редови

пред 1 час

Европскиот амбасадор Михалис Рокас со оценката дека Македонија не постигнала напредок во борбата против корупцијата директно ги демантирал тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за успешни реформи, оценуваат од Левица. Во партиското соопштение се посочува дека Мицкоски неодамна ја нарекол корупцијата „политичка флоскула“, а сега, како што наведуваат, добил јасен одговор дека власта не испорачала резултати во борбата против корупцијата.

„На заедничка прес-конференција, Христијан Мицкоски се обиде уште еднаш да ја продаде својата верзија на реалноста, фалејќи се дека „имаме подобар извештај од минатата година“ и дека Македонија бележи „најдобри резултати за реформи и раст“. Но, неговата самофалба доби непријатен демант од европскиот амбасадор Михалис Рокас, кој уште на почетокот од своето обраќање јасно порача: не е постигнат никаков напредок во борбата против корупцијата!

Тој експлицитно порача дека се потребни ефективни истраги и гонења, особено за корупцијата на високо ниво, конкретни антикорупциски мерки и заштита на независноста на судството. Ова не е дипломатска формулација за некаков иден предизвик, туку јасна констатација дека власта не испорачала резултати во еден од најважните столбови на демократската држава. Мицкоски можеше да зборува за раст и реформи колку што сака, но не можеше да ја премолчи непријатната оценката што стоеше меѓу него и европскиот амбасадор – нула напредок во борбата против корупција!

Трагикомично е што истиот тој Мицкоски пред само неколку дена тврдеше дека корупцијата е „политичка флоскула“ и прашуваше „каде има корупција?!“. Денес, на прес-конференција со европскиот амбасадор, доби одговор што не можеше да го контролира, релативизира или претвори во уште една самофалба.

Наместо да прашува каде е таа апстрактна корупција, Мицкоски нека погледне околу себе – во сопствените редови и во институциите со кои управува. Кога премиерот прашува каде е корупцијата, одговорот е поблиску отколку што сака да признае: таму каде што е неговата власт!“, се вели во соопштението на Левица.

Текстот Левица: Наместо да прашува каде има корупција, Мицкоски нека погледне во сопствените редови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top