Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот.
Според досегашните информации, огнот избил на кровната конструкција од засега непознати причини. Причинета е голема материјална штета, но нема жртви.
Градоначалникот Тони Коњановски претходно рече дека станува збор за стар објект којшто е во сопственост на „Ангро механизација жито Битола“, и опфаќа пекара, млин и силос. Во моментот на избувнување на пожарот внатре имало двајца работници кои навреме излегле.
Претходно и МВР јави дека нема пријава за повредени лица во пожарот.