Маж паднал од електричен тротинет во Скопје, со повреди е пренесен во болница

пред 3 години

Синоќа по полноќ на улицата Борис Трајковски во Скопје З.Д. (46) паднал управувајќи електричен тротинет.

По незгодата, тој бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top