Малолетник извршил тешка кражба во продавница во ГТЦ

пред 3 години

Полициски службеници од единицата за интерветна полиција, во вечерните часови на 11 јануари лишиле од слобода малолетник од Скопје поради тоа што претходно во продавница во ГТЦ сторил тешка кражба на дрзок начин.

Во координација со јавен обвинител бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и бранител.

По целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.

 

 

Share
Scroll to Top