МВР ги повика граѓаните да пријават групно празнување

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

„ Граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата. Полицијата, исто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, повторно смета на партнерската улога која ја имаат граѓаните со полицијата и уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје“ соопшти МВР.

Share
Scroll to Top