Медицинска сестра од Кичево почина од корона, се заразила на веселба и не била вакцинирана

пред 3 години

Медицинска сестра од Општата болница во Кичево почина како последица на коронавирусот. Таа се заразила на веселба, покажуваат епидемиолошките податоци, а потврдуваат од Министерството за здравство за „Mакфакс“.

Медицинската сестра не работела во ковид центарот, ниту пак, работела со ковид-пациенти.

„Пациентката која почина не била вакцинирана и немала коморбидитети. На Клиниката за инфективни болести била донесена во многу тешка состојба, минатата недела, а претходно три дена била лекувана во болницата во Кичево, кога дошла во кичевската болница исто била во многу лоша состојба“, велат од Министерството за здравство за „Макфакс“.

Голем процент, дури 87,1 проценти или 3.047 граѓани од позитивните на Ковид-19 кои се дијагностицирани минатата недела, не биле вакцинирани. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид-19, ниту еден од нив не бил вакциниран.

Досега во Кичево има 2.882 заразени, од кои 266 се активни случаи на лица инфицирани со коронавирус. Само во последните 24 часа, Кичево регистрира нови 42 случаи со коронавирус.

Share
Scroll to Top