Адвокатот Тони Менкиноски соопшти дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во Бугарија во траење од 10 години, наведувајќи дека претставува закана за националната безбедност.
Како што информираше тој, одлуката му била врачена на 6 март 2026 година на граничниот премин Златарево, кога се обидел да влезе во земјата.
Менкиноски посочува дека мерката е донесена без конкретно образложение и смета дека е поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Прогласувањето на адвокат за закана за националната безбедност затоа што ги брани човековите права претставува опасен преседан за Европа“, изјави Менкиноски.
Тој најави дека ќе ја оспори одлуката и дека за случајот ќе ги информира македонските институции, како и европски и меѓународни организации за човекови права.
Текстот Менкиноски за забраната за влез во Бугарија: Да прогласите адвокат за закана затоа што брани човекови права е опасен преседан за Европа е превземен од МАКФАКС.






