Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски ги повика вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да излезат пред пратениците и да го достават предлог-Анексот кој бил врачен од Софија, уште во ноември минатата година.
Милошоски во писмо адресирано до Османи и Димитров им порачува да изберат термин би им одговарал во периодот од 15 до 29 јануари и да излезат пред Комисијата.
„Пратениците, како претставници на граѓаните имаат право да бидат запознаени со најновиот развој на настаните во македонско-бугрските односи, а Вие како претставници на извршната власт имате обврска да се појавите пред пратениците и да доставите информации на нивно барање, согласно начелото на поделба на власта и воспоставените стандарди во државите членки на ЕУ“, пишува Милошоски во писмото до Османи и Димитров.
Време е да паднат маските после Василица❗
?Во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа…
Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, January 12, 2021
Милошоски на социјалните мрежи во оваа насока коментира дека крајно време е владините министри Османи и Димитров да ги симнат маските после Василица, да се појават во Собранието и да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот.
Тој обвини на нетранспаретност на Владата во однос на преговорите и посочи дека се додека за македонско-бугарските преговори се одбегнува институционална расправа во Собранието, истите ќе наликуваат на приватни пазарења помеѓу претставниците на владите во двете земји.