Министерот за здравство, Венко Филипче, бил дел од тимот кој утрово извршил операција врз 34-годишна пациентка која имала проблем со одењето.
Тој сподели дека операцијата поминала успешно, а пациентака се чувствува одлично.
„Утрово успешно извршивме операција врз 34 годишна пациентка. Таа имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и предизвикувал проблем со одењето. Пациентката се чуствува одлично после операцијата, и посакувам брзо заздравување“, напиша министерот на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од зафатот.
Утрово успешно извршивме операција врз 34 годишна пациентка. Таа имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и…
Posted by Венко Филипче on Sunday, December 6, 2020
Министерот Филипче по професија е неврохирург.