Мисајловски: Не е баш се така розово како што презентира власта

пред 3 години

По средбите со жителите на Бутел, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и пратеникот Дарко Костовски, истакнаа дека животниот стандард не е така розов како што власта го презентира.

„Денеска со многу пензионери исто така се сретнавме и имавме убав настан каде што можевме да слушнеме каков е животот во Македонија и колку се задоволни од стандардот. Јас можам да кажам дека не е баш така розово како што оваа власт сака да презентира. Односно слушнавме пред извесно време министерката за труд и социјала спомна дека сите граѓани се среќни од кога СДСМ дошле на власт. Но, не е така“, потенцира Мисајловски.

„Денеска слушнавме дека граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата. Слушнавме дека многу нивни основни потреби не може да си ги остварат. Слушнавме дека не можат за еден обичен преглед да дојдат на ред во амбулантите и поликлиниките. Не можат и немаат можност да се вакцинираат. Не можат да гледаат како нивните деца не можат да најдат работа тука бидејќи се повеќе гранки се затвораа“, додаде Мисајловски.

Според него добро е што ВМРО-ДПМНЕ е на терен и разговара за овие прашања со граѓаните бидејќи сите забелешки како што рече подоцна ќе бидат преточени во програма за подобар живот.

Share
Scroll to Top