Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

пред 3 години

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија.

Несреќата ѐ, која се случила вчера, била пријавена од Итната медицинска помош Гевгелија, дека на старата автобуска станица во Гевгелија, имало починато градежен работник при вршење на градежни работи.

На местото на настанот излегле увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, јавен обвинител и трудов инспектор, при што било констатирано дека се работи за Н.Т.(45) од Богданци, кој околу 13,15 часот на објектот во изградба изведувал градежни работи при што паднал од скеле, по што починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.

Share
Scroll to Top