ВМРО-ДПМНЕ: Што е поголем грев, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Заев

пред 3 години

Кој “грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ,  по реакцијата на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство.

„Освен тоа што во моментот е адвокат на бизнисменот Јордан Камчев, тој бил и адвокат на Зоран Заев во случајот поткуп, со снимката каде што целата јавност виде дека Зоран Заев бара мито од 200 илјади евра, евро за црквата- евро за Вицето, истата таа снимка која судот на Заев ја забрани. Водејќи се по оваа лажна прес конференција, би запрашале кој “грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп“, прашуваат од опозициската партија.

 

„По аналогијата на СДСМ прашуваме дали апсењето на Камчев е лична освета на Заев поради случајот Рекет каде е компромитирано целото СДС. Што знае Камчев за парите од рекетот, а поради што се плаши Зоран Заев? Колку средби имал Заев со Јордан Камчев, и дали на нив е зборено за пари ?Дали Камчев знае точно каде се отидени парите од рекетот за кој прво осудениот Бојан Јовановски рече дека треба да се бараат во Струмица, кај Вице и Зоран Заев“, овие неколку прашања стојат во написот од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top