На сите православни хистијани им го честитам Христовото раѓање – Божик, а исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашниот голем христијански празник Бадник и да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства, останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија, посочи денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој, во духот на празникот и на останатите граѓани, кои не се од православна вероисповед, им посака здравје, бериќет, среќа и хармонија во нивните домови.
„Сите заедно сме појаки и само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година“, нагласи Мицскоски.