Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

пред 1 ден

 

Знам дека не е лесно. Знам дека животот и денес е тежок за многумина. Последиците од погубното владеење на СДСМ и ДУИ сè уште се чувствуваат, и во семејните буџети, и на шалтерите, и во болничките чекални, и во училиштата. Знам дека инфлацијата што кулминираше во нивното време, под влијание и на надворешни кризи, но и поради нивната неспособност, остави длабоки траги. Системот беше осакатен и тоа не се поправа преку ноќ, рече премиерот, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

„Ние не се правиме недопирливи. Ние сме дел од овој народ, ги живееме истите предизвици. Затоа и ја знаеме тежината на задачата што ја преземавме. Но уште повеќе, ја знаеме одговорноста. Има многу што треба уште да се направи. И потребно е време тие промени да се почувствуваат во секое семејство, во секој живот. Но едно можеме да ви го ветиме, нема откажување. Нема враќање назад. Македонија нема алтернатива освен да одиме напред. И ние ќе продолжиме со уште повеќе сила, со уште поголема посветеност“, рече тој.

Мицкоски кажа дека во изминативе нешто повеќе од 365 дена работеле на темелите, на системски промени, на враќање на довербата на институциите.

„Работевме да ја стабилизираме државата, да ги консолидираме состојбите, да го вратиме правецот. И токму затоа, денес не зборуваме за спектакли, туку за промени. Промени што се случуваат секој ден, во секоја општина, во секоја болница, во секој административен шалтер, во секоја училница. Почнавме да градиме држава по мерка на граѓанинот. Држава која што ќе те слушне. Држава што ќе те почитува и она што е најважно, држава што ќе ти служи“, рече Мицкоски.

Според него, премногу долго Струмица и сите негови околни места беа заробени од една фамилија која се однесувала како Струмица да е нивен личен имот, а не град на горди Струмичани.

Текстот Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top