Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Ресен, запрашан за активната блокада и најавените протести за 18. јуни рече дека и понатаму продолжуваат да го блокираат сето она кое се однесува за тесни партиски интереси како автентичното толкување на законот за игри на среќа, законот за марихуана и ред такви закони од кои што граѓаните, како што кажа, нема да имаат никаков бенефит.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Ќе продолжиме сето тоа да го блокираме бидејќи огромно мнозинство од граѓаните во Република Македонија мислат дека оваа влада треба да замине и дека Македонија се движи во погрешна насока. Како второ, Ковачевски и оваа влада упорно бегаат да седнеме на маса да преговараме за дата за предвремени парламентарни избори, но и за сите актуелни прашања кои што народот ги живее. Така што, можам да кажам дека продолжуваме во рамките на Парламентот со оваа активна блокада и со организација на големиот масовен собир бидејќи молчењето не е опција“, истакна партискиот лидер.
Како што рече Мицкоски, целта на големиот граѓански собир на 18. јуни е да се упати порака дека времето на оваа влада е одамна изминато.
„Народот нема веќе верба дека оваа влада може било што да стори и време е за предвремени парламентарни избори со една нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да ја води Македонија напред преку патот на реформи и за подобра иднина на сите граѓани“, потенцира претседателот на опозициската партија.





