Мицкоски: Османи манипулира, почеток на преговори ќе има само со прифаќање на бугарската рамка

пред 2 години

Kaко што ЕУ се обедини околу тоа што се случува во Украина, истатат таа Европа треба да се обедини околу тоа што Бугарија и го прави на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Коментирајќи ја изјавата на Бујар Османи во врска со можен договор и почеток на преговори со ЕУ, Мицкоски рече дека Османи продолжува да не ја говори вистината и да го манипулира народот, бидејќи, како што рече, тоа што го слушаме од Софија е дека сигурно ќе нема преговори. Единственото нешто кое што може да се случи е да се случи прва меѓу владина конференција, кажа Мицкоски.

Тој за јавноста појасни дека таа прва меѓу владина конференција е настан без суштина.

„Ќе се сликаат претставниците на Европската Комисија и на македонската влада, и тука завршува се. Нема да почнат преговорите се додека целокупната преговарачка рамка, ние не ја испочитуваме, а во таа преговарачка рамка ќе бидат вклучени барањата од страна на Бугарија, вклучително и интервенцијата во македонскиот Устав“, рече Мицкоски.

Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи тие промени во македонскиот Устав, бидејќи за тоа се потребни 2/3, токму поради тоа што немаме никаква гаранција дека со тоа се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија, и дека до самото членство на Македонија во ЕУ, нема да имаме повеќе вакви хегемонски барања од страна на политичарите кај нашиот источен сосед.

Тој додаде и дека ако зависи од Османи, Ковачевски, и од Петков, преговори нема да има, ќе има во најдобар случај меѓувладина конференција, настан за камерите и фотоапаратите. А преговори ќе има кога ќе бидат исполнети бугарските барања кои што, како што рече, Ковачевски и Османи сакаат да ги прифатат и да бидат дел од преговарачката рамка, нешто на што ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи.

Share
Scroll to Top