Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.
Исто така, апелираат да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни.
Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан.
Министерството за надворешни работи ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).
Текстот МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација е превземен од МАКФАКС.