Муцунски: Спречена е сечата на дрвја на улицата „Васко Карангелески” во Аеродром

пред 3 години

Иако првичниот проект предвидуваше сеча на дрвјата долж улицата „Васко Карангелески” во општина Аеродром, со новата реконструкција на планот за проширување на улицата се спасуваат околу 100 здрави дрвја, посочи градоначалникот, Тимчо Муцунски.

Тој заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило”, Ангеле Сотировски, денеска одржаа прес-конференција на која ги објаснија деталните планови за промената на планот и проширувањето на улицата.

„Јас и градоначалничката Арсовска апсолутно сме посветени кон реализација на нашите ветувања. Ветивме дека ќе има нови сообраќајни решенија и токму тоа и го има. Дека ќе биде спасен дрворедот, апсолутно се спасува дрворедот. Според претходниот проект, требало над 100 дрвја да бидат целосно исечени, сега сите тие дрвја ќе бидат спасени”, истакна Муцунски.

Градоначалникот ја повтори заложбата на општината за зазеленување на Аеродром и зголемување на зелените површини, истакнувајќи дека за само неколку месеци се засадени над 400 нови садници.

Share
Scroll to Top