На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

пред 2 години

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори.

Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива.

Пациентката е со уреден постоперативен тек, соопштија надлежните.

„Трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.
Огромна благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите“, е нагласено во информацијата.

Текстот На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top