Пет лица од Тетово и Гостивар и покрај забраната за движење, ја напуштиле државата. При контрола од страна на полициски службеници, лицата на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, не биле најдени дома.
Како што се наведува, А.И.(33) од тетовско Селце, Ќ.М.(55) од Тетово, малолетно лице од Голема Речица, С.М.(52) од Тетово и Н.Б.(29) од Гостивар не биле затекнати во своите домови, односно ја напуштиле државата.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.